Био

Агни Авшар, родена на 6 Јули 1988, го изразува својот талент и афинитет кон музиката на 7 години, што претставува всушност и првичната причина поради која мајка и ја запишува во основното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Таму, 8 години изучува свирење пијано, солфеж и музичка теорија, по што се раѓа нејзината љубов кон пеењето. Уште од најрана возраст покажува исклучителен музички талент и екстраординарно развиен слух.

Првиот контакт со публика и музички настапи се пијано рециталите, на кои се појавува по иницијатива на нејзината наставничка по пијано – Кармен Костова, што пак се темели на високиот потенцијал на нејзината ученичка како и харизматичниот сценски настап.

На 20 години, во 2009 година, основа бенд со кој локално изведува музика од поп и рок жанрови, така стекнувајќи се со големо сценско искуство при вокална изведба. Во меѓувреме, ги завршува студиите на Филолошкиот Факултет во Скопје, катедрата за преведување и толкување на Англиски, Француски и Португалски јазик. По дипломирањето, уште поангажирано се инволвира во музички ангажмани, а во 2016 година се приклучува на Македонско – Ромскиот, фолк – џез ансамбл по барање на Срџан Амет. По 4 неделни интензивни проби, заминуваат на едномесечна турнеја во Антверп, Белгија, каде имаат неколку концерти во Брисел, Антверп и Нефшато.

По завршетокот на овој проект, Агни се одлучува да се запише на Музичката академија во Скопје, на катедрата за џез и популарни жанрови, со специјал на соло пеење. Уште на почетокот на студиите, нејзиниот талент е забележан од страна на нејзините професори, по што е ангажирана да настапува со нив, каде што всушност и се стекнува со најголемото искуство на настапи од џез, соул, блуз, поп, електро и комерцијален карактер.

Во јуни 2019 година дипломира на Музичката академија во Скопје со просек 9,8.

Меѓу многуте тековни музички ангажмани (настапи на концерти, приватни елитни забави, гала настани и солистички концерти), има неколку солистички настапи кои се истакнуваат:

  • Стекнување на Лауреат од прв степен на меѓународниот музички фестивал „Езерски Бисери“ во 2016 Струга, Република Северна Македонија;
  • Солистички настап покрај еден од најистакнатите техно DJи – Хуан Аткинс, заедно со Македонската Филхармонија, а под диригентската палка на Џијан Емин, во проектот насловен „Македонска Филхармонија и Хуан Аткинс“ во Охридскиот Амфитеатар, на 2 Август 2018 година;
  • Солистички настап за денот на независноста на Република Северна Македонија, 08 септември 2018 година, пред Владата на Република Северна Македонија, во придружба на Македонската Филхармонија;
  • Во придружба на Македонската Филхармонија, изведба на стари Македонски популарни и џез песни, во Македонксата Филхармонија, на 13 ноември 2018 година;
  • Солистички настап на „Василичарскиот Концерт – DISCO FEVER“ – во придружба на оркестарот на Македонската Опера и Балет, под диригентство на Бисера Чадловска, 12 и 13 јануари 2019 година;
  • Солистички настап на Виенскиот Бал во Скопје, во придружба на Здружението на Џез Музичари и Слободни Уметници, под диригентство на Џијан Емин, во хотелот Александар палас на 16 март 2019 година;
  • Концерт на „Агни Авшар Квинтет“ на фестивалот Jazz Factory Festival во Битола на 20 април 2019 година;
  • Солистички настап на концертот насловен „Electro Symphony”, како дел од „Bit Fest Bitola”, во придружба на Камерниот Оркестар на Битола, а под диригентство на Владимир Димовски, 12 август 2019 година;
  • Солистички настап на концертот „James Bond Symphony“, како дел од настанот „Stumica Open Festival“, придружувана од Камерниот Оркестар на Битола, под диригентство на Владимир Димовски на 12 Август 2019;
  • Солистички настап во придружба на меѓународно признатиот гитарист Влатко Стефановски, на концертот „Rock Symphony and Vlatko Stefanovski“, во придружба на Камерниот Оркестар на Битола, под диригентство на Владимир Димовски, во Белград на 12 август 2019;
  • Концерт на „Агни Авшар Ансамбл“ на настанот „Бела Ноќ“ на 05 октомври 2022, по барање на Град Скопје, во паркот Ибни Пајко – Скопје;
  • Солистички настап на концертот „Василичарски концерт – LEGENDS“, во придружба на оркестарот на Македонската Опера и Балет, под диригентство на Бисера Чадловска, на 12 и 13 Јануари 2020 година;
  • Солистички онлајн концерт за време на Ковид 19 пандемијата, по барање и во организација на Град Скопје, на 28 април 2020;
  • Концерт на „Агни Авшар Квинтет“ на „Велешко Културно Лето“ во Амфитеатарот во Велес на 29 Август 2020 година;
  • Солистички настап на 40тото издание на Скопје Џез Фестивал во рамки на „Јордан Костов Ансамбл“, на 22 октомври 2022;
  • Солистичка вокална и актерска улога во мјузиклот „Улица“ одржан во Македонската Опера и Балет, во придружба на Џијан Емин и неговиот бенд на 22 октомври 2022;
  • Концерт на „Агни Авшар и Јордан Костов“ во рамки на „Today It’s All About Jazzодржан во Скопје, а организиран од страна на Здружението на Џез Музичари и Слободни Уметници;
  • Солистички концерт насловен „Звуците на Медитеранот“, во Аудиокултура, во организација на Катерина Стевковска, 03 мај 2022;
  • 16 и 17 септември 2022, два последователни џез и поп солистички концерти во Лесковац, Република Србија, во рамки на фестивалот LIFEE;
  • 04 октомври 2022 – солистички настап на концертот „James Bond Symphony, во придружба на Камерниот Оркестар на Битола, каде ги изведува некои од најпознатите теми од James Bond филмовите меѓу кои: No time to Die”, The World is not Enough“, „Golden EyeиDiamonds are Forever”;
  • 14 октомври 2022, концерт во Котор, Црна Гора, во придружба на пијанистот и професор на Музичката Академија во Скопје, Гордан Спасовски
  • Гостувања на бројни Телевизиски шоуа меѓу кои: „Музика на Кирилица“, „Стисни Плеј“, „Утринска на Телма“, „Живот со Стил“, „Утринска на Алфа“, „Утринска на Сител“, „Живот со Стил“, „Бекстејџ“ итн.

 

Најпрепознатлива е по својот моќен, а сепак сензуален вокал, по нејзиниот афинитет да ги оживува џез и латино стандардите, евергините, како и џези изведбите на современа популарна и комерцијална музика.