Био

Agni Avshar

Агни Авшар е пејачка и музичар од Скопје, Република Северна Македонија. Има дипломирано како соло пеачка на отсекот за џез, поп и останати модерни жанрови на Музичката Академија во Скопје, а свири пијано уште од својата 7ма година. Во моментов, соработува со најреномираните музичари од регионот и настапува на сите големи настани придружувана како од страна на нејзиниот бенд, така и од Македонската Филхармонија, Здружението на џез музичари и слободни уметници и останати музички институции и организации.

Препознатлива е по својот моќен, а сепак сензуален вокал, нејзиниот афинитет кон возобновување на џез стандарди и класици, како и џези изведби на евергрини и современа музика.

Повеќе